среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Вардар во Велес над просечното ниво за август

Вардар во Велес над просечното ниво за август

 Нивото на реката Вардар во Велес утрово на мерното место кај Стар Мост било 60 сантиметри, исто колку што било вчера, на четврти и на петти овој месец. На шести август нивото било 58 сантиметри, на седми август 55, а на осми август најниско или 52 сантиметри.

Како што појасни за МИА Атанас Угрински од УХМР, нивото на Вардар во Велес е над просекот за овој период од годинава, на почетокот на август.

– Зголеменото ниво на Вардар се должи на врнежите во изминатите денови, како и пониските температури, но и вештачкото влијание од факторот човек, односно од поголемото испуштање вода во Вардар од неколкуте вештачките акумулции на хидроцентралите, изјави Угрински.

Споредено со просекот од август минатата година, нивото на Вардар во Велес е зголемено повеќе од двојно. – Во август 2017 година просекот од 1 до 10 август бил од минимални 15 до 25 сантиметри, информира Угрински од УХМР, чии стручни служби редовно го следат нивото на Вардар и останатите реки и водотеци во земјава.

(Миа)