недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Гореле сува трева и стрништа во четири села во кумановско

Гореле сува трева и стрништа во четири села во кумановско

Сува трева и стрништа гореле во четири кумановски села, синоќа по 20 часот, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарот во село Режановце почнал во 20:10 часот, пожарникарите го изгаснале во 21. 30 часот. Пожарот во Слупчане е регистриран во 20:20 и бил изгаснат во 22:00 часот. Речиси во исто време пожар зафатил трева и стрниште во Романовце. И таму интервенирала една екипа. Последниот пожар се случил во Пчиња по 21. 40 часот и пожарникарите го изгаснале после полноќ.

Сите пожари се изгаснати.

Најнови вести