сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изгаснат пожарот кај браната „Водоча“

Изгаснат пожарот кај браната „Водоча“

Изгаснат е пожарот кој денеска напладне избувна кај браната „Водоча“. Како што информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаснењето на пожарот, кој зафатил сува трева, учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило.

-Пожарот е изгаснат по нашата интервенција, а беше зафатен помал простор. Бидејќи беше на отворено постоеше опасност да се прошири, изјави Гудев.

Избувнувањето на пожарот било пријавено на бројот 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најнови вести