среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Во Хиподром викендов четврто коло од Државното првенство во прескокнување пречки

Во Хиподром викендов четврто коло од Државното првенство во прескокнување пречки

Во организација на Федерацијата на коњички спорт на РС Македонија и клубот за коњички спорт Илинден, утре и в недела на Хиподромот во Маџари ќе се одржат 4. коло од Државното првенство во прескокнување на пречки, и 1. коло од Купот.

На програмата се пет натпревари во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 60 до 130 см.

Почетокот на натпреварите и двата дена е во 9 часот.