петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за нас е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за нас е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата

Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ, а не за слепата улица во која тој ја донесе државата е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна. Денес Ковачевски требаше да се извини што лажеше цела година дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и подршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се испопни. Решението е едно: оставка и избори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести