петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевска: Во СДСМ и во коалицијата има апсолутно единство во однос на гласањето на уставните измени

Ковачевска: Во СДСМ и во коалицијата има апсолутно единство во однос на гласањето на уставните измени

Нашата партија и нашата коалиција има апсолутно единство во однос на гласањето на уставните измени, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес – конференција во Владата по повод завршувањето на собраниската дебата за уставните измени.

-Пратеникот Илија Николовски, инаку претседател на Партијата на пензионери имаше проблем со притискањето на соодветното копче, меѓутоа за да не бара поединечно изјаснување беше оставено да биде со 70 гласа изгласан дневниот ред. Инаку, тој постојано беше со коалицијата. Пратеникот Диме Велковски денеска не беше, беше најавено неговото отсуство и не беше присутен во Собранието што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници, рече Ковачевски одговарајќи на прашањето дали нема единство во неговата партија и коалиција поради отсуството на нивниот пратеник Диме Велковски и неизјаснувањето за дневниот ред на Илија Николовски од Партијата на пензионерите на денешната собраниска седница.

Прашан за нивните активности во следниот период со оглед на уверувањата дека ќе направат се за да се тргне блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, на кое ниво ќе се разговара со пратениците, можеби и со лидерот на партијата, премиерот нагласи дека дискусијата ќе се води на сите нивоа како и досега.

Во однос на тоа дали е точно дека еден пратеник кој денеска не беше присутен од нивната партија планира да поднесе оставка и да не гласа за во иднина, премиерот и лидер на СДСМ посочи дека нема таква информација дека пратеник сака да поднесе оставка.  (МИА)

Најнови вести