понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Се јави критичарката на Ѓоковиќ, последниот поен бил нерегуларен?

ВИДЕО: Се јави критичарката на Ѓоковиќ, последниот поен бил нерегуларен?

Поранешната австралиска тенисерка Рене Стабс, која често го критикува Новак Ѓоковиќ, по финалето во Синсинати на социјалните мрежи изрази незадоволство што поенот со кој Србинот го победи Карлос Алкарас требало да се преигра.

„Неверојатен меч. Неверојатно, но исто така сум многу сигурна дека топчето ја допре мрежата при меч-топката. Слушнете го добро звукот и погледнете ја реакцијата на Алкарас. Не сакам ништо да му одземам на Новак, вложи труд, но ако е вистина, тогаш навистина е без врска“, коментираше Стабс, која бараше и влакно во јајцето по победата на српскиот тенисер.