сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Доколку владата на СДС и ДУИ помалку краде, ќе има повеќе за граѓаните, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на платите на функционерите

Митева: Доколку владата на СДС и ДУИ помалку краде, ќе има повеќе за граѓаните, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи ревизија на платите на функционерите

Политиките на власта ги доведоа граѓаните на раб на сиромаштија. Додека имаме инфлација која го јаде буџетот на граѓаните слушаме изјави од Тренчевска како министерка за труд и социјална политика дека со 25.000 денари пензионерите можат да преживеат, вели портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференција одговарајќи кој е коментарот на партијата во однос на најавите на Синдикатите за поднесување на предлог законска иницијатива за намалување на функционерските плати.

Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја разбира фрустрацијата на граѓаните, потенцирајќи дека доколку владата на СДС и ДУИ помалку краде, ќе може да им даде повеќе на граѓаните.

Комплетно ја разбираме фрустрацијата на граѓаните и синдикатите, власта мора да најде начин како помалку да краде, па така ќе има можност и повеќе да им даде на граѓаните, рече таа.

Митева истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го отвори прашањето за ревизија на платите на функционерите, заклучи Митева.

Најнови вести