недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски го загубија легитимитетот и ирелевантно е што тие мислат, единствен излез се избори

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски го загубија легитимитетот и ирелевантно е што тие мислат, единствен излез се избори

Не планираме со СДС да се натпреваруваме во тоа колку соопштенија ќе се пуштат со порака кој колку е антиевропеец поради две причини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Првата, главното прашање е кој е власт во оваа држава и кој ја има целосната одговорност за европската иднина. Тоа е СДС и Ковачевски. И второ, СДС и Ковачевски го загубија легитимитетот и во оваа фаза е ирелевантно е што тие мислат.

Цела година грееа атмосфера и лажеа за уставни измени под бугарски диктат кои пропаднаа, целосно ја исклучија опозицијата од процесите така да одговорноста за дебаклот е само на СДС и Ковачевски. Единствениот разумен излез се брзи предвремени избори, стои во соопштението.

Најнови вести