Пејачката Дара Бубамара многу е блиска со поранешниот сопруг Милан Кесиќ со кој го има и синот Коста.
Пејачката од никогаш не криела дека по разводот останала во добри односи со поранешниот сопруг, па дури и во неколку наврати открила дека се гледаат често.
Сега пејачката ги изненади сите кога со емотивни зборови му го честиташе неговиот роденден.
-Срна моја, среќен роденден. Те сакаме јас и Коста, напиша пејачката.
Инаку за потсетување Дара Бубамара од секогаш имала само пофални зборови за поранешниот сопруг Милан.
-Мојот поранешен сопруг никогаш не беше љубоморен. Љубомората не беше причината за да се разведеме. Тој беше вистински маж што му и личи. Се разбира, само единствено таков може да биде повторно во мојот живот. А можеби и повторно он кој би знаел, рекла пејачката во една прилика.