среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

(Видео) Новак рекол: „Доаѓам“, мислеле дека ги лаже! Камионџии од Република Српска останале во неверување – Ноле со последни сили го исполнил ветувањето: „Да живеат Србија и Српска“

(Видео) Новак рекол: „Доаѓам“, мислеле дека ги лаже! Камионџии од Република Српска останале во неверување – Ноле со последни сили го исполнил ветувањето: „Да живеат Србија и Српска“

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, претходната вечер го освои Синсинати, откако во финалето го совлада Карлос Алкараз по речиси 4 часа борба. Тој не се борел само против Карлос, туку и со неподносливите горештини во Охајо, па просто било неверојатно како Ноле воопшто можел да „стои на нозе“ на крајот.

Но, ноќта за него не завршила со последниот поен кој австралиската тенисерка се обидела да го оспори, напротив, само што започнала. Тој имал медиумски обврски, како на терен, така и во студиото, се фотографирал со навивачите, спонзорите којзнае што уште.

Меѓутоа, колку и да бил изморен, Ѓоковиќ на крајот го одржал ветувањето кон камионџиите кои го бодреле на мечот во Синсинати и ги побарал кога завршило сè.

Имено, овие Бањалучани, кои инаку живееле во Чикаго, работеле „преку барата“ како возачи, а на својот камион имале фотографија од најдобриот тенисер на сите времиња.

Пред неколку дена, за време на еден од мечевите на тенисерот, тие му ја покажале неговата фотографија, а тој им ветил дека доколку го освои Синсинати ќе се фотографира со нив.

Кога Новак Ѓоковиќ го завршил натпреварот и завршила церемонијата на доделување на пехарот, додека тој давал автограми, група момци му дофрлале. Тој ги погледнал и рекол „се гледаме подоцна“, а ретко кој можел да помисли во тој момент дека ќе се сети на ветувањето – а не пак да го исполни по бурната ноќ.

Сепак, тоа е Ѓоковиќ, кој многупати во текот на кариерата покажал дека не е обичен спортист.

Кога го виделе Новак не можеле да поверуваат, го пофалиле за спортските и човечките квалитети, а на крајот Ноле се потпишал на камионот на кој била неговата фотографија.

Велат дека таа била направена за време на УС Опен во 2019 година, познатиот турнир на кој бил суспендиран поради удирањето на судијката.

„За браќата Миоградовиќ. Благодарам Чикаго. Да живеат Србија и Српска“ напишал на кирилица Ѓоковиќ на кабината од камионот со кој браќата од Бања Лука уште долго ќе се гордеат.