среда, 6. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Новак и Шпанците бесни: Ждрепката за „Ју-Ес опен“ ќе се изврши во – тајност!

Новак и Шпанците бесни: Ждрепката за „Ју-Ес опен“ ќе се изврши во – тајност!

Новак Ѓоковиќ и останатите учесниците на „Ју-Ес опен“ нема да може самите да го проследат извлекување на противниците за последниот гренслем-турнир во годината, со оглед што тоа нема да биде директно пренесувано на телевизија или некоја друга платформа, туку ќе се прави зад затворени врати.

Од таборот на српскиот тенисер, како и шпанска „Марка“ беа изненадени што „Ју-Ес опен“ реши да направи ваков преседан бидејќи е познато дека американскиот гренслем е можеби најмодерниот и дека годинава слават 50 години еднакви награди во машка и во женска конкуренција

Ѓоковиќ ќе биде втор носител на турнирот и ќе биде во долната половина, што значи дека пред финалето сигурно нема да може да се сретнесо Карлос Алкараз, кој моментално ја предводи АТП листата. Србинот досега три пати го освојуваше УС Опен, а сега атакува на својата 24. гренслем-титула.