недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Најмалку 12 загинати и 80 повредени во стампедо во Мадагаскар

ВИДЕО: Најмалку 12 загинати и 80 повредени во стампедо во Мадагаскар

Најмалку дванаесет лица загинаа, а 80 се повредени денеска во Мадагаскар во стампедо пред влезот на стадионот „Бареа“ во главниот град Антананариво.

На стадионот дојдоа околу 50.000 луѓе за да го гледаат свеченото отворање на 11. Игри на островот во Индискиот Океан.


Засега не е познато што го предизвикало стампедото. Претседателот на Мадагаскар, Андри Рајоелина, кој беше на спортскиот настан, повика на едноминутно молчење за жртвите во несреќата.

Спасувачките екипи и полицијата се на местото каде се случи стампедото. Игрите на островот во Индискиот Океан се мултидисциплинарно натпреварување, кое годинава се организира во Мадагаскар и ќе трае до 3 септември. Игрите се одржуваат секоја четврта година на островите во југозападниот дел на Индискиот Океан околу 40 години. Последен пат домаќин беше Маурициус.