петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рјабков: Соработката на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок

Рјабков: Соработката на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок

Воената соработка на Русија со Иран нема да подлегне на геополитичкиот притисок, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по извештајот дека Вашингтон побарал од Техеран да прекине да и продава дронови на Москва.

„Нема промени, а соработката со Иран ќе продолжи. Ние сме независни држави и не подлежиме на диктатот на САД и нивните сателити“, рече Рјабков, пренесе руската државна новинска агенција.

САД вршат притисок врз Иран да престане да продава беспилотни летала, кои Русија ги користи во војната во Украина.

Иран призна дека испратил беспилотни летала во Русија, но наведува дека тие биле испратени пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Во меѓувреме, иранското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една од трансакциите на дронови со други земји, како Русија, не е откажана.  (МИА)