сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкалоид со убедлива победа во дербито на почетокот на Државното шаховски првенство

Алкалоид со убедлива победа во дербито на почетокот на Државното шаховски првенство

Почетокот на 31. издание од Македонскиот шаховски шампионат за 2023 година помина во знак на Алкалоид кој во дербито славеше победа над Гамбит Ассеко Сее со 4,5:1,5.

Минатогодишните вицешампиони ШК Прилеп со 4:2 го совладаа новиот член во елитното друштво, ШК Шкупи од Скопје, додека, пак, ГШК Куманово 1 ја имаше најубедливата победа на денот со 5:1 над ШК Ан Пасан од Шипковица.

И вториот новак, ШК Пелагон, на почетокот беше поразен од ШК Гостивар со 4:2.

Турнирот се игра во хотел „Метропол“ во Охрид, а предвидени се седум кола.