среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Градиме нова фитнес зона и детско катче во Керамидница

Стефковски: Градиме нова фитнес зона и детско катче во Керамидница

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека во тек е изградба на нова фитнес зона и ново детско катче на современа тартан подлога во Керамидница.

„КЕРАМИДНИЦА ДОБИВА ФИТНЕС ЗОНА И НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ НА ТАРТАН ПОДЛОГА.

Направивме увид во поставувањето на справите на новата фитнес зона која ја градиме Керамидница.

Дополнително градиме и ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.

Со изградбата на фитнес зоната и детското катче создаваме нов урбан простор за спорт и рекреација на жителите од Керамидница.

Како локална самоуправа досега изградивме фитнес зони во Маџари и Колонија, а во периодот пред нас ќе изградиме зони и во другите населени места.

Нема повеќе заборавени населени места. Проекти се реализираат насекаде низ нашата Гази Баба“, – напиша Стефковски.