сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожар во селото Костурино, изгореа помошни простории од семејна куќа

Пожар во селото Костурино, изгореа помошни простории од семејна куќа

Во селото Костурино денеска во 12:40 часот во пожар изгореа помошни простории од семејна куќа, а пожарникарите не дозволиле да биде зафатена и куќата.

Како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Струмица, во гаснењето учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари.

Пожарот бил во разгорена фаза и било спречено негово натамошно ширење кон семејната куќа. Причинета е значителна материјална штета.

Најнови вести