сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на Комисијата за здравство, Комисијата за локална самоуправа и Комисијата за европски прашања.

Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување.

На Комисијата за локална самоуправа ќе се расправа за Националната развојна стратегија – Значење на Локалната самоуправа и регионален развој.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.

Во Собранието, исто така ќе се одржи и средба на Националниот совет за евроинтеграции со учесниците на Форумот за културна дипломатија.

Форумот е на тема „Промовирање на меѓународна соработка, културно разбирање и мир преку културна дипломатија“.

Најнови вести