петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија поразена од Чешка, во Бари во осминафиналето против Италија

Македонија поразена од Чешка, во Бари во осминафиналето против Италија

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби дуелот со Чешка со 3-0 (25-19, 25-23, 25-17) во сетови и како четврта ја заврши групната фаза што значи дека во осминафиналето ќе играме против силната селекција на Италија.

Капитенот Никола Ѓоргиев се врати по повредата, успеа да настапи, беше нашиот најдобар одбојкар, но тоа не беше доволно за да го победиме противникот.

Рамноправни бевме само во вториот сет во кој се боревме до крај, го загубивме со 25-23. Првиот и третиот ги дадовме многу полесно. Почнавме со 25-19 за Чесите, а завршија со 25-17.

Но, нема простор за разочарување, Македонија го направи најголемиот успех во нашата одбојкарска историја, првпат ќе играме во осминафинале на Европско првенство. Таму за противник ќе го имаме актуелниот светски и европски шампион, селекцијата на Италија.