Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери.
Сопственикот на лиценцата, информираше дека до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.
– Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние освен нашите вработени, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и намирници, истакна сопственикот на лиценцата.