сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Глобал витнес“: Во 2022 година во светот убиени 177 еколошки застапници

„Глобал витнес“: Во 2022 година во светот убиени 177 еколошки застапници

Најмалку 177 застапници за заштита на животната средина се убиени ширум светот во 2022 година, се наведува во денеска објавениот извештај на невладината организација „Глобал витнес“ (Global Witness).

Најопасна земја за заштитниците е Колумбија, каде минатата година беа убиени 60 „бранители на животната средина“, а потоа следуваа Бразил и Мексико. Дури 88 проценти од сите убиени застапници за заштита на животната средина во 2022 година биле во Јужна Америка се наведува во годишниот извештај на лондонската групација.

Од 18 земји каде групата документирала случаи, 11 се во Јужна Америка.

Во извештајот се наведува дека, иако е тешко да се „идентификуваат точните причини за убиствата“ десет биле поврзани со „агробизнисот“, осум биле поврзани со, а четири со сеча на шумите. Поголемиот број убиства никогаш не се решени

– Владите ширум светот мора итно да се справат со бесмислените убиства на оние кои се залагаат за нашата планета, вклучително и за заштита на нејзините најскапоцени екосистеми кои имаат клучна улога во справувањето со климатската вонредна состојба, изјави Шрути Суреш од „Глобал витнес“.

Во периодот од 2012 до 2022 година убиени се 1.910 активисти, што е еквивалент на едно убиство секој втор ден. Најчесто на мета се домородните луѓе односно една третина од жртвите, иако тие се еден отсто од светското население.  (МИА)