четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со хеликоптер на АРМ се гаси пожарот кај селата Богомила и Ореше

Со хеликоптер на АРМ се гаси пожарот кај селата Богомила и Ореше

Хеликоптер на АРМ се вклучи во гаснењето на пожарот кај селата Богомила и Ореше, кој заедно со 10 вработени од Национални шуми, подружница „Бабуна“ и месното население, се обидуваат да го стават под контрола.

Пожарот избувна вчера околу 12:30 часот при што гори дабова шума и габер.

Од ЦУК појаснуваат дека таму има „гола сеча“ од пред неколку години, но насобраниот отпаден материјал претставува висок ризик за гаснење од земја.

Во текот на денот, веднаш по намалување на опасноста на пожарот во Општина Долнени, трите ПП авиони „ер трактор“ од ЦУК.и хеликоптер на МВР е планирано да интервенираат во Општина Чашка.

Од ЦУК стравуваат од можноста двата пожара од општините Чашка и Долнени да се спојат во еден.

Најнови вести