вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина 5-годишно девојче

Италијански воен авион се урна за време на вежби, загина 5-годишно девојче

Италијански воен авион се урна за време на вежби во близина на Торино, при што падна врз автомобил и усмрти петгодишно девојче, додека пилотот преживеа, јавија денеска италијанските медиуми.

Деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се со тешки повреди. Сите повредени имаат изгореници од различен степен и се пренесени во болница.