четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маскирани вандали во текот на минатата ноќ запалиле повеќе од 80 возила во Шведска: Пироманите во акција ги фатила камера (ВИДЕО)

Маскирани вандали во текот на минатата ноќ запалиле повеќе од 80 возила во Шведска: Пироманите во акција ги фатила камера (ВИДЕО)

Маскирани млади луѓе запалија неколку десетици автомобили во текот на минатата ноќ во Шведска и фрлаа камења кон полицијата, што предизвика лута реакција кај шведскиот премиер, кој ја осуди оваа екстремно организирана ноќ на вандализмот. Според информациите граѓаните биле крајно исплашени.

Според зборовите на портпаролот на полицијата, Ханс Липенс, во текот на ноќта се запалени околу 80 автомобили, поголемиот дел од нив во вториот по големина шведски град Гетеборг, но и помал број во Малме, трет по големина.

Липенс кажа дека поради тоа што палењето на автомобилите почнало скоро во исто време не може исклучи дека постои врска меѓу нив, пренесува АП:

Шведската новинска агенција ТТ изјави дека очевидците виделе маскирани млади луѓе како бегаат.

Липенс наведе дека неколку млади лица се идентификувани на лице место.

-Ние разговаравме со нив, не можевме да заклучиме дали ги започнале пожарите. Разговаравме со нивните родители, кажа Липенс за локалните медиуми.

Две лица стари 16 и 21 година кои живеат во Фролунди, предградие на Гетеборг, каде се запалени неколку возила се задржани на распит.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен, ги нападна сторителите со прашањето: „Боже зошто тоа го правите?“

Во интервју за шведско радио тој кажа дека е навистина лут и дека општеството мора одлучно да реагира.

Тој кажа дека пожарите изгледаат екстремно организирани.

При палењето на автомобилите никој не е повреден, но ангажирани биле од полицијата спасувачи, а граѓаните биле исплашени.