понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Локализиран пожарот кај Катланово

Локализиран пожарот кај Катланово

Со поддршка на два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, информираат од Центарот за управување со кризи.

Дополнуваат дека во моментов се врши проверка на теренот и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина.

ЦУК претходно извести дека денеска попладне, околу 15.30 часот избувна пожар над Катланово кој зафати нискостеблести растенија но и дрвја.

Најнови вести