Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица вчера во населеното место Богородица беше извршено свечено пуштање во употреба на реновираниот објект на Младинскиот дом „Мите Танов-Коми“.
Ова беше барање на жителите од населеното место, бидејќи објектот има огромно значење за мештаните и буди спомени од минатото.
Богородица во центарот доби модерен објект за одржување на јавни, младински и културни настани.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов на мештаните и културно уметничките друштва им посака да создаваат успешни приказни за идните генерации во овој прекрасен објект.
Во Богородица изминатиот период се реализираа повеќе проекти, кои придонесуваат за подобар живот на граѓаните:
Реконструкција на објектот на старата кафана „Винојуг“.
Реконструкција на просториите на пензионерите.
Изградба на детско игралиште со гумена подлога во центарот на населеното место.