понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сè поизвесно затворањето на американската федерална влада

Сè поизвесно затворањето на американската федерална влада

Прекинот на работата на американската федерална влада е сè поизвесно поради спорот меѓу демократите и републиканците за буџетските трошења во Конгресот. Затворањето, една минута по полноќ на 1 октомври, ќе наруши многу услуги, ќе влијае на вработените во владата и ќе предизвика нови нарушувања во американската политика, пренесува Гласот на Америка.

Демократите во Сенатот гласаа да се отвори дебата за нацрт-законот со кој се продолжуваат федералните трошоци до 17 ноември, но републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, веќе рекоа дека нема да го поддржат усвојувањето на тој закон.

Според „Вашингтон пост“, прекинот на работата на владата значи дека милиони федерални вработени и членови на војската ќе престанат да добиваат плата и дека многу од нив ќе мора да се појавуваат на работа. Во исто време, некои национални паркови и музеи ќе бидат затворени, а ќе има нови прекини и одложувања на аеродромите низ САД. Затворањето на владата ќе влијае и на најважните федерални програми за помош, како што е онаа што им помага на жртвите од смртоносните шумски пожари во Мауи, Хаваи.