петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 25 лица се повредени во пожар во Исмаилија на Суецкиот канал

Најмалку 25 лица се повредени во пожар во Исмаилија на Суецкиот канал

Најмалку 25 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал.

Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност, јави Ал Џезира.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа пламен како издигнува од градската управа за безбедност рано изутринава, и се чини дека главната фасада на зградата се урна.

Неколку десетици амбулантни возила и пожарникари се на терен, а на пат се и два воени авиони, јавија државните медиуми.  (МИА)