Победата на Украина во војната против Русија зависи од соработката со Европската унија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.
По средбата во Киев на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, Зеленски ја подвлече важноста на поддршката за Украина во областа на одбраната.