среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба пензионерите во Велес: Наместо безгрижна старост тие мора на улица да ги бараат своите права, важно е по промените да ги покачиме пензиите

Мицкоски на средба пензионерите во Велес: Наместо безгрижна старост тие мора на улица да ги бараат своите права, важно е по промените да ги покачиме пензиите

Имав чест да остварам средбa со пензионерите од Здружението на пензионери- Велес. Луѓе кој целиот живот го посветиле за градба на татковината, и во годините кога треба да ги уживаат придобивките, тие се на улица барајќи ги своите права. Нема друг пример во Европа каде пензионерите со протести се борат за повеќе права. Половина од вкупниот број на пензионери во Македонија се на раб на егзистенцијата и во безнадежност.

Се пожалија на односот на министерката за труд и социјална политика и целокупниот однос на Владата. На ниските пензии се случува и ново поскапување на данокот на над 1000 производи што исто така претставува дополнителен грабеж. Затоа велам дека се потребни промени. По смена на власта ВАЖНО Е да го вратиме достоинството на пензионерите, ВАЖНО Е да ги покачиме пензиите. ВАЖНО Е да се бориме за раст на стандардот и заштита на нивните права, пишува во својата објава на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести