петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на средба со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона преку програмата за меѓународни лидери

Мисајловски на средба со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона преку програмата за меѓународни лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски овие денови е во работна посета на Америка каде продолжува да остварува низа состаноци и средби.

Мисајловски денеска се сретна со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона, преку програмата за меѓународни лидери организирана од американската влада.

По тој повод тој објави и свој статус на Фејсбук:

„Имав одлична можност да се сретнам со членовите на Комитетот за меѓународна трговија, транспорт и инфраструктура на Претставничкиот дом на Аризона.

Разговаравме за целите на Комитетот за зголемување на меѓународното присуство и статус на Аризона, како и градење односи со меѓународните партнери, зајакнување на трговијата, странските инвестиции и зајакнување на граничната безбедност.

Исто така имавме средба и со професорот Рет Ларсон од Државниот универзитет во Аризона.

Професорот Ларсон го сподели своето истражување и експертиза за состојбата на водата во Аризона, како и за прекуграничните односи на Аризона со државите на реката Колорадо и Мексико но и за климатските промени како глобална тема.

Професорот Ларсон, исто така, сподели информации за политиката за вода во Аризона и чекорите што државата треба да ги превземе за да продолжи да го зачува својот најскапоцен ресурс. Продолжуваме со состаноци од Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Најнови вести