Ја разбираме улогата која ја има Центарот за комуникации на СДСМ да ги пере сите злоупотреби, криминали и манипулации на нивните институции и министри но не ја оправдуваме бидејќи тоа ги прави соучесник во криминалната банда која раководи со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што се однесува до самиот случај на уништување на службено возило од Министерството за земјоделие, ВМРО-ДПМНЕ не реагира за трагичниот настан ниту пак сака да го злоупотреби, туку реагира на арамилукот, и аздисаноста на кадрите на СДСМ, стои во реакцијата на партијата и се додава:
„Оттука треба министерот Николовски да одговори: Зошто се криеше случајот цел еден месец од јавноста, што барал неговиот член на кабинет вон работно време со службено возило, како му било дадено службено возило на човек кој бил вработен на определено време и кој ќе ја плати материјалната штета од уништувањето на тоа возило?“