СДСМ не само што го клекна земјоделството на колена туку и во континуитет ги понижува земјоделците. Не само што нема никаков позитивен тренд во земјоделството туку земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го промени фактот дека земјоделците се посиромашни со секој одминат ден. Податоците кои ВМРО-ДПМНЕ ги пренесе во соопштението се објавени од државниот завод за статистика и тие се најдобриот демант на сите лаги на министерот Николоски. Вистинските информации се следниве: немаше откуп на праските, немаше откуп на пченицата, немаше откуп на домати, немаше откуп на лубениците а сега откуп нема и со сливите, стои во реакцијата и се додава:
„СДСМ прави пустош во македонското земјоделство, и манипулира со земјоделците. На земјоделците им се потребни средства кои ќе ги имаат на располагање во секое време и мерки за помош и развој на земјоделството. СДСМ ниту вложува во земјоделството ниту воведува нови политики кои даваат резултати, а не инвестира ни во големи капитални проекти кои носат раст, развој и повеќе пари кај секој земјоделец“.