петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел: Посетата на Бајден на Израел е „апсолутно неопходна“

Борел: Посетата на Бајден на Израел е „апсолутно неопходна“

Шефот за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел, денеска оцени дека планираната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел по нападите на Хамас е „апсолутно неопходна“.

– Посетата на претседателот Бајден е апсолутно неопходна, рече Борел на прес-конференција во Рота во јужна Шпанија, каде што земјите-членки на ЕУ одржуваат заеднички воени вежби.

– Го повикавме Израел да ги спроведе своите одбранбени активности во согласност со меѓународното право, да се отворат хуманитарни коридори за да се донесе помош во Газа и да се заштитат цивилите. Сигурен сум дека тоа ќе биде и пораката што претседателот на САД ќе пренесе, додаде тој.

Бајден утре ќе замине во посета на Израел, каде ќе има средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху.