вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакаа да докажат дека луѓето не се зли: Авантурата на овој пар заврши крваво- ИСИС ги уби (ВИДЕО)

Сакаа да докажат дека луѓето не се зли: Авантурата на овој пар заврши крваво- ИСИС ги уби (ВИДЕО)

Џеј Остин и Лорен Гогеган одлучиле да ги напуштат своите работни места во Вашингтон и да се упатат на пат околу светот.

„Се заштитив од животот во кој најубавите часови ги поминувам пред екран“, напиша Џеј на својот блог пред да даде отказ.

Парот во доцните 20-ти своето патување го документирал на Инстаграм и заедничкиот блог. Меѓу другото, пролетта повеќе од два месеци биле во Хрватска. Освен тоа, сакале да докажат дека злото е само концепт и дека луѓето секаде се добри и љубезни.

„Приказната вели дека не треба да им се верува на луѓето. Дека се злобни. Јас не наседнувам на тоа. Злото е измислен концепт кој сме го измислил за да се носиме со другите луѓе кои негуваат поинакви вредности и убедувања од нашите… Повеќето луѓе се добри“, рекол Џеј.

Не ја докажале таа теорија, бидејќи се убиени.

Нивната најголема животна авантура трагично е прекината пред две недели на мачен начин кога патувале низ Таџикистан, држава позната по терористички активности.

На 29 јули се возеле со велосипеди кога во нив влетал автомобил. 5 мажи излегле од автомобилот и ги избоделе до смрт заедно со уште двајца велосипедисти, од кои едниот бил од Швајцарија, а другиот од Холандија.

Два дена подоцна, ИСИС признал дека стои зад нападот, а се потврдиле и со објавување на многу вознемиравачко видео.