среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Се поголемата некоординираност во владините кругови покажува дека Владата нема концепт за евроинтеграциите иако себеси се нарекува европски фронт

Милошоски: Се поголемата некоординираност во владините кругови покажува дека Владата нема концепт за евроинтеграциите иако себеси се нарекува европски фронт

Тоа што го забележувам по однос на темата ЕУ и на темата уставни измени, и на темата однос Бугарија кон Македонија, Македонија кон Бугарија е една се поголема некоординираност во самите владини кругови, односно на релација претседател на Влада, министер за надворешни работи, вицепремиер за евроинтеграции, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Додава дека од една страна го имате вицепремиерот за европски интеграции, Маричиќ кој што вика дека 2030 стануваме членка, што според мене е една тешка манипулација, од друга страна го имате Ковачевски кој што најавува дека нема да има други услови од Бугарија доколку смениме уставот и слично, но сега во последно време и ретерира и не спомнува датуми за членство и од трета страна го имате Бујар Османи кој што пред неколку недели за германскиот весник ФАЦ, кажа дека прашање и на време кога Бугарија ќе постави други услови после смената на уставот во Македонија.

„Затоа сметам дека ваквата некоординираност во надворешната политика само покажува дека и самата влада нема концепт за евроинтеграциите, иако себеси се нарекува европски фронт. Мислам дека таа приказна која што ја продаваа со европскиот фронт, обидувајќи се да го поларизираат македонското општество за ЕУ, против ЕУ што е фејк поларизација, не присуствува во реалноста. Мислам дека тоа и не им поминува кај граѓаните и сега се обидуваат да ретерираат, па дури и во некои изјави да бидат и построги кон Бугарија или да пробаат да релативизираат некои нивни минати, би рекол, сервилни однесувања кон официјална Софија“, вели Милошоски.

Милошоски посочи дека, она што го забележавме од самитот во Тирана и од Берлинскиот процес, тоа дека во ЕУ има една јасна порака, дека нема да има следно проширување, пред Европската Унија да ги направи внатре, самата во себе, неопходните институционални реформи со кои тие сметаат дека би биле подготвени да примат нови земји членки.

„И втората работа, што исто така дојде од министерот Османи, за разлика од вицепремиерот Маричиќ, пак имаме контрадикторни изјави, Маричиќ говори за полноправно членство, додека министерот Османи токму пред три-четири дена ан средба на министерот за надворешни работи во Тирана, кажа дека Македонија се залага и го прифаќа концептот повеќе интеграција пред зачленување. Тоа значи постепено зачленување, тоа значи хибридно членство или асоцијативно зачленување на рати. Нема да има полноправно членство, туку земјите кандидати ќе добиваат одредени полиња каде што ќе бидат третирани посериозно“, истакна Милошоски додавајќи дека концептот за Европа во самата Влада има една контрадикторност, бидејќи членови на владата од СДСМ тврдат дека полноправното членство е пред врата, додека членови на влада од страна на ДУИ тврдат дека наместо полноправно членство, добро е да се разговара за парцијално членство како пореална опција во моментов понудена од Брисел.

 

Најнови вести