среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО МАНЧЕСТЕР: Полицијата и пожарникарите на нозе поради закана за бомба

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО МАНЧЕСТЕР: Полицијата и пожарникарите на нозе поради закана за бомба

Британската полиција и пожарникарските екипи ја преполнија пистата на аеродромот во Манчестер по закана за бомба.

-Летот на Емирати од Дубаи бил опколен од службите за итни случаи откако слетал нешто по 19 часот, пишува Мирор.

Полицијата на Манчестер потврди дека се извршени безбедносни проверки и дека досега не се пронајдени сомнителни предмети.

Од аеродромот во Манчестер вечерва потврдија дека авионот слетал и потврдија дека полицијата се занимава со инцидентот.