петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 60 повредени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа

Над 60 повредени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа

Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија.

Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал Арабија“.

Локалната полиција соопшти дека привела пет лица, а на протестот 65-годишен маж имал срцев удар, по што починал во болница. Советот за национална безбедност на Израел вчера ги советуваше израелските граѓани да ја напуштат Турција „што е можно поскоро“ заради нивна лична безбедност.  (МИА)