петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шест лица загинаа во вчерашниот напад на поштата во Харков

Шест лица загинаа во вчерашниот напад на поштата во Харков

Најмалку шест лица загинаа, а 14 се ранети во вчерашниот руски ракетен напад врз пошта во близина на Харков, во североисточна Украина, соопштија локалните власти.

„Шестмината убиени и 14 ранети во нападот на окупаторите беа вработени во компанијата на терминалот Нова Пошта“, изјави гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов.

Веста на Телеграм ја објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Регион Харков. Руска ракета го погоди терминалот Нова Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви. Мое сочувство до роднините и пријателите“, напиша Зеленски. (МИА)