Денес 23.10.2023 година во 13:00 часот, на Кеј 13 Ноември (кај Камен мост) во организација на Патриотскиот институт „Гоце Делчев” на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“.
На настанот свое обраќање ќе имаат:
-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт ,,Гоце Делчев” на ВМРО-ДПМНЕ.
Настанот ќе се емитува на youtube каналот на ВМРО-ДПМНЕ и facebook профилот на Христијан Мицкоски.