среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Босанец ја оштетил Германија за 100 милиони евра: А тие за возврат му ги срушија сите соништа

Босанец ја оштетил Германија за 100 милиони евра: А тие за возврат му ги срушија сите соништа

Германската полиција по налог на обвинителството уапси повеќе од 50 лица кои биле вклучени во нелегална трговија со бакар, а која ја предводел босанскиот државјанин, 47 годишниот Сенад В.

Криминалната организација наводно затаила данок од дури 100 милиони евра, а Сенад В. е осуден на седум години затвор и одземен му е имотот вреден 25 милиони евра.

Како што се наведува во обвинението, повеќе од 100.000 тони бакар од Србија е увезен во Германија, а според истрагата на Јавното обвинителство, повеќе од 50 осомничени и 50 компании се занимавале со трговија и избегнале плаќање данок на промет. Бакарот е продаван на индустриски компании со лажни фактури.

Окружниот суд во Берлин го осуди Сенад В. како главно одговорно лице за картел поради затајување данок од 2010 до 2014 година, а тој веќе поднел жалба, иако е во притвор.

Овој случај се истражува уште од 2014 година, а како што за германските медиуми, кои со големо внимание го следат овој случај, кажал портпаролот на обвинителството Мартин Стелнер, полицијата ги прислушувала разговорите на Босанецот и неговите соучесници и го следеле нивното движење откако тргнала акцијата за апсење.

Работите на овој криминален клан се сведувале на тоа увезениот бакар да биде препродаван во Германија преку ланец посреднички компании со неточни даночни информации. На крајот производите завршувале во странство и данокот се рефундирал иако не бил платен.