вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин оствари средба со Курц

Путин оствари средба со Курц

Рускиот претседател разговарал синоќа со австрискиот канцелар Себастијан Курц во автомобилот со кој патувал до аеродромот во Грац.

Портпаролот на австриската Влада, Петер Ланског Тифентал, посочи  дека Путин и Курц зборувале за билатералните прашања, актуелната политичка ситуација и кризните прашања за Украина, Сирија, енергетската политија и односите на Европската унија и Русија.

Пред разговорот со Путин, Курц се консултирал со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Рускиот претседател престојуваше во Австрија како гостин на свадбата на министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсел.

Путин од Австрија замина во Берлин каде оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

(Миа)