Новак Ѓоковиќ ќе игра против Роџер Федерер во финалето на Мастерсот во Синсинати откако Давид Гофин го предаде мечот против Швајцарецот при резултат 7-6(3) и 1-1 во вториот сет.
За Федерер ова ќе биде осмо финале, додека Ѓоковиќ по петти пат е финалист и Синсинати е единствениот од оваа серија кој го нема освоено.
Мечот од финалето се игра вечерва од 22 часот. Ќе биде тоа прв нивни дуел по 28. јануари 2016 година и полуфиналето на Австралија опен во кое Ѓоковиќ славеше со 3-1.