Финецот Кале Рованпера од тимот на Тојота ја одбрани шампионската титула на светскиот шампионат во Средноевропско рели откако ја заврши трката на второто место.
Прв низ целта мина Белгиецот Тиери Невил со своето „хјундаи“, но сè мина во знакот на новиот шампион.
Рованпера досега има забележано 11 триумфи во категоријата ВРЦ, од кои три сезонава, со само едно откажување на домашен терен, во Финска, кога излета од патеката.