Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Претседателот на САД, Џо Бајден пред два дена побара „значително и итно“ зголемување на протокот на помош за опколената палестинска територија.
Според податоците на ОН, акутниот недостиг на гориво во Појасот Газа веќе влијае на снабдувањето со вода на населението.