четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почнаа да пристигнуваат делегатите на 16-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Почнаа да пристигнуваат делегатите на 16-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Во салата на Домот на културата во Валандово почнаа да пристигнуваат делегатите на 16-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред малку пристигна и Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, кој е единствен кандидат за нов претседател на партијата на вонредниот конгрес што одржува во Валандово.

Се очекува наскоро да пристигне и Никола Груевски. Досега во салата од поистакнатите функционери и членови на партијата присутни се Диме Спасов, Коце Трајановски, Спиро Ристовски, Даниела Рангелов…

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре го одржуваат 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. Станува збор за вонреден конгрес на кој ќе се бира лидер на партијата, по оставката која што ја поднесе долгогодишниот претседател на партијата Никола Груевски. Од 17 часот до 19 часот ќе се изврши регистрација на делегати.

Додека од 19 часот ќе започне Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе бидат избрани работните тела, потоа ќе следува интерна дискусија на која што секој делегат може да се пријави, да даде свое согледување за темите за коишто ќе се дебатира. Она што ќе е најинтересно за јавноста ќе се случува утре кога треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.