среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 320 илегални мигранти биле уапсени во источна и западна Турција

Над 320 илегални мигранти биле уапсени во источна и западна Турција

Најмалку 329 илегални мигранти биле уапсени во источниот и западниот дел на Турција, соопштија вчера извори од безбедносните сили.

Силите за безбедност уапсиле 202 илегални мигранти во источниот округ Ван, а три лица се приведени поради трговија со луѓе. Исто така, 19 Авганистанци, вклучувајќи и седум деца, биле задржани во областа Ван.

Во западниот округот Чанаккале приведени се 56 лица, кои планирале да заминат нелегално за грчкиот остров Лезбос. Во западна провинција Измир, биле задржани 51 мигрант, кои биле во гумен чамец. Во групата имало Сиријци, Палестинци и Африканци.

Турција стана главна рута за илегалните мигранти, кои се обидуваат да стигнат до Европа, особено по избувнувањето на војната во Сирија во 2011 година.

Од приведените мигранти минатата година во Турција , мнозинството се Пакистанци – 15 000 лица, следуваат Авганистанците – 12 000 лица, и Сиријците – 10 000 луѓе.