четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Болката ја лечела со многу алкохол и секс: Славната пејачка го допрела дното, оди на лекување од зависности

Болката ја лечела со многу алкохол и секс: Славната пејачка го допрела дното, оди на лекување од зависности

Пејачката Мел Б има сериозно нарушување по разводот и смртта на татко и , така што замина на лекување.

Мел Б објави дека заминува во институција за одвикнување од зависности, откако самата не можела да се справи со проблемите. Последните шест месеци и биле незамисливот тешки, а 43-годишната пејачка се нашла во безброј ситуации каде не можела да се совлада.

Состојбата и се влошила по разводот со продуцентот Стивен Белафонте, иако и за време на бракот била злоставувана од него. Белафонте и самиот признал дека Мел била вербално и физички злоставувана. Таа признава дека последните месеци се пијанчела до болка.

Мајка и Андреа ја поддржува Мел во нејзините напори да се излекува од зависноста од алкохол и секс. Чашата во нејзината лоша среќа ја прели одлуката на судот, кој пресуди дека Белафонте не е виновен за малтретирање на Мел.

Судот решил дека обвинувањата се неосновани и претерани. Мел треба на Белафонте да му плати 270.000 фунти за судски трошоци, како и по 3.000 фунти месечно за издршка на детето.

Најнови вести