недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француски и британски рибари се судриле поради школки

Француски и британски рибари се судриле поради школки

Француски и британски рибари се судриле поради школки при што Французите ги навредувале британските колеги, и фрлале школки и димни бомби врз нив.

Како што јави Би-Би-Си, инцидентот се случил на 12 наутички миљи од брегот на Нормандија, во близина на заливот Сене.

Би-Би-Си наведува дека инцидентот се случил кога околу 40 француски бродови минатата ноќ протестирале поради таканаречен „британски грабеж“.

– Французите се обиделе да контактираат со Британците за да ги убедат да престанат со риболов, но се судрија. Никој не е повреден, изјави шефот на Службата за риболов на Нормандија Димитри Рогоф.

Во судирот се оштетни неколку бродови.

Како што се наведува, британските бродови имале дозвола за риболов во таа област богата со школки, меѓутоа нивното присуство ги налутило Французите кои ги обвинија за „бесрамна експлоатација на школките“.

Судирот меѓу Французите и Британците околу школките постои веќе 15 години, а во последните пет во сила беше договор според кој поголеми британски бродови не влегувале во таа област во замена за повеќе „рибарски права“.

(Миа)