Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1,4 проценти.
Во ова тромесечие, покажуваат податоците на Државниот завод за стастистика, склучени се 3.413 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 19,4 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.